Инцидент во охридската чаршија, лице со пиштол дивеело во угостителски објект, по што влегло во две златари

Охрид, 16. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Лице на возраст од околу 25-26 години предизвикало неколку инциденти вечерва во строгиот центар на градот.

Во угостителски објект во овој дел на градот, лицето извадило пиштол, кој пред гостите го вперувало во сопствената глава. Според изјави на гости, сведоци на настанот, по интервенција на овластените лица во објектот, истиот го напуштил локалнот, по што се упатило кон ТЦ „Амам“.

Неофицијално, истото лице влегло и се обидело да ограби две златари во Центарот, а претходно нападнало и таксист на охридска компанија.

Од СВР Охрид вечерва го лоцираа и приведоа лицето, и најавуваат повеќе информации во текот на утрешниот ден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива