Утре пред советниците поделбата на МЈП „Проаква“

Охрид, 17. октомври 2019 (ИНПРЕС) – За утре е закажана 33-та седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред се три точки поврзани со поделбата на МЈП „Проаква“. Советниците ќе треба да се произнесат по предлог одлуката за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба).

Пред советниците ќе се најде предлог-одлуката за давање согласност  на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква” Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба- раздвојување со основање и раздвојување со превземање, како и предлог-одлуката за поделба на МЈП „Проаква” Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

Седницата е со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес