Меѓународната кларинетска академија по втор пат во Охрид

Охрид, 17. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Охрид по втор пат ќе биде домаќин на Меѓународната кларинетска академија – CLARUS.

Ќе се одржува од 25-ти до 28-ми октомври во ОМУ „Методи Патче“. Учество ќе земат ученици, студенти, професори и кларинетисти од земјава и странство.

Предавачи на семинарите и работилниците ќе бидат Илиан Илиев истакнат кларинетист и Петар Танески професор по кларинет и артист. Покрај теретски предавања двајцата предавачи одделно ќе работат со активните учесници.

Последниот ден, на 28-ми октомври ќе се одржи завршен концерт на кој покрај учесниците ќе настапат и неколку професори, како и гости кларинетисти. Концертот ќе се одржи во црквата Св.Софија од 19:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива