Хорот „Вокс Лихнидос“ ќе гостува на фестивал во Врњачка бања

Охрид, 17. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ утре заминува за Врњачка бања, Србија, каде ќе настапи на фестивал на хорска музика.

По гостувањето во романскиот град Питести, хористите сега ќе се претстават и пред српската публика на концертот насловен „Istočnik živonosni”. Покрај нив ќе настапи и домашниот хор „Абрашевиќ“ од Врњачка бања, кој пак во јули гостуваше во Охрид на првиот Интернационален годишен концерт на хорска музика во организација на „Вокс Лихнидос“.

Охридските хористи под диригентската палка на Бурим Хидри ќе изведат духовни, традиционални и современи композиции: Agni Parthene – Sv. Nektarios Bogoroditse Djevo, A. Part Legenda – P. I. Tchaikovsky, Tebe pojem – S. Mokranjac, Schedryck – M. Leontovych, Ubi caritas – O. Gjeilo, Stabat mater – Z. Kodaly, Siyahamba, традиционална африканска композиција. Премиерно ќе ја изведат и композицијата „Боса Роса“ од охридскиот композитор Гоце Гавриловски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива