Поделбата на МЈП „Проаква“ денес пред советниците

Охрид, 18. октомври 2019 (ИНПРЕС) – За денес е закажана 33-та седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред се три точки поврзани со поделбата на МЈП „Проаква“. Советниците ќе треба да се произнесат по предлог одлуката за давање согласност на одлуката за поделба на МЈП „Проаква” Струга со раздвојување со основање и раздвојување со превземање (комбинирана поделба).

Пред советниците ќе се најде предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за усвојување на планот за поделба на МЈП „Проаква“ – Струга и склучување на спогодба за присоединување кон ЈП Колекторски систем Скопје преку комбинирана поделба- раздвојување со основање и раздвојување со превземање, како и предлог-одлуката за поделба на МЈП „Проаква“ од Струга преку комбинирана поделба- со раздвојување со основање и раздвојување со превземање.

Седницата ќе започне во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес