Во Охрид денес ќе се одбележи Европскиот ден на борба против трговија со луѓе

Охрид, 18. октомври 2019 (ИНПРЕС) – По повод „18-ти Октомври – Европскиот ден на борба против трговија со луѓе“, охридскиот Црвен крст, денес напладне, на Градскиот плоштад во Охрид ќе организира јавен настан.

Волонтерите ќе изведат реален приказ за тоа што може да се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе.

Целта е да се подикне нивото на свест во јавноста за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива