ВМРО-НП предлага изградба на Музеј на Езерото

Охрид, 18. октомври 2019 (ИНПРЕС) – ВМРО-Народна партија од Охрид ќе поднесе предлог иницијатива за отпочнување со изградба на Музеј на Езерото.

– Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство низ флората и фауната поседува Охридското Езеро. Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и секако ќе претставува нова туристичка понуда. Локацијата ќе бараме да ја обезбеди Локалната самоуправа, информираат од партијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива