Симпозиум „Денови на превентивната медицина 2019“ во Струга

Струга, 18. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Струга е домаќин на симпозиум насловен „Денови на превентивната медицина 2019“.

Истиот е во организација на здруженијата на доктори специјалисти по хигиена и здравствена екологија, микробиолози, епидемиолози, лекари по медицина на труд и Специјалистичкото здружение на лекарите по социјална медицина со организација на здравствена дејност.

На симпозиумот, што ќе трае до 19-ти октомври, со свои теми и научни трудови ќе учествуваат 120 лекари од државава и од регионот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес