Започна санацијата на улицата „Абас Емин“ (Фото)

Охрид, 19. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Деновиве започна санацијата на улицата „Абас Емин“ во Охрид.

Станува збор за улица, која е од исклучително значење за граѓаните кои живеат во овој дел на градот, поради фактот што ги поврзува Булеварот „Туристичка“ со „Железничка“, двете најважни и најфреквентни улици во градот.

Комплетната санација на оваа улица е едно од омилените изборни ветувања на сите партии претходно, а во моментов се врши санација на поголемите – ударни дупки, со што движењето деновиве е отежнато. Утрово беше комлпетно затворена од страната на Булевар „Туристичка“, пред хотелот „Монтенегрин“, за да се извршат градежните работи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес