КОД: Во заштитениот појас треба да се урнат 36 куќи и 12 згради

Скопје/Охрид, 21. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Многу повеќе дивоградби од прстите на една или двете раце има во заштитениот појас во Охрид, откриваат новинарите на емисијата КОД, кои успеале да стигнат до регистерот на дивоградби во заштитениот појас.

Одговорните размислуваат дали да го објават истиот, повикувајќи се на заштитата на личните податоци на сопствениците. Во емисијата се посочува бројка од 36 куќи и дури 12 згради во заштитениот појас. Само на улицата „Коста Абраш“ во Стариот дел на градот, регистрирани се две згради и една куќа, кои се водат како дивоградби и кои треба да се урнат.

Во меѓувреме истече рокот кој општината им го даде на сопствениците на дивоградбите за сами да ги отстранат. По 20-тина дена ниту една од нив не е урната, по што од денес општинските инспектори повторно ќе излезат на терен. Според најавите, ќе се уриваат и дивоградбите во Националниот парк „Галичица“, каде во зоната од 50 метри од брегот на езерото има околу 29 нелегано изградени објекти. Истите не може да се легализираат и претствуваат закана за природните вредности на паркот. Сопствениците веќе поднеле барања за легализација.

Истече рокот за отстранување на дивоградбите, од денес инспекторите повторно на терен

Според Регистарот на дивоградби, во Охрид има 1.076 нелегално изградени објекти, од кои 409 се во заштитениот појас.

Во рамките на акцијата на рушење започна отстранувањето на дел од платформите пред угостителски објекти на првата линија од езерото, а рок за самоуривање добија еден хотел и една куќа. По 20-тина дена ниту една од нив не е урната, по што од денес општинските инспектори повторно ќе излезат на терен. (Крај)

извор: ИнПрес/КОД фото: ИнПрес/КОД