Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Охрид

Охрид, 21. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23:15 часот регистрирше земјотрес, со епицентар на 115 км југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

– Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива