ГФК „Охрид Лихнидос“ славеше во Боговиње

Боговиње, 21. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Со голот на Игор Клечкароски, фудбалерите на Охрид се вратија со победа од натпреварот против „Дрита“ во Боговиње.

Овој дел од натпреварувањето, нашите најдобри фудбалери го завршуват со седум бода, пред гостувањето кај „Влазерими“ во Кичево во следната рунда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ ГФК „Охрид Лихнидос“