Во Охрид ќе биде одбележан Светскиот ден на остеопороза

Охрид, 24. октомври 2019 (ИНПРЕС) – По повод светскиот ден на остеопорозата, утре во Охрид ќе се одржи одржи стручна работилница насловена „Остеопороза- Колку е раскажана нашата приказна?“.

Целта е да се унапреди професионалната компетенција на лекарите за остеопорозата и да се развие поширока и потемелна дискусија за актуелните проблеми поврзани со дијагноза и третман на ова заболување.

На работилницата ќе говорат: д-р Снежана Марковиќ, проф. д-р сци.ендокринолог – Универзитетската клиника за Ендокринологија во Скопје и претседател на Македонско здружение за остеопороза; д-р Марта Фотева, д-р сци.ортопед – Универзитетска клиника за Ортопедија, Скопје; претседател на Македонска асоцијација за применета дензитометрија – ДЕКСА, д-р Мимоза Николовска Котевска, м-р сци.ревматолог – Универзитетска клиника за Ревматологија, Скопје; претседател на Македонска ревматолошка асоцијација, како и д-р Лилјана Котлар, сци.интернист-Општа Болница Охрид и претседател на Здружение на Лекари Охрид и Љупчо Шајновски, м-р фарм. – директор на Pharmanova, како подржувач на активностите за подигање на свесноста за остеопорозата и професионализмот во менаџментот на ова заболување.

Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета жена и секој петти маж имаат остеопороза. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива