Неделава ќе излезе огласот за вградување плински уреди, граѓаните да аплицираат веднаш

Скопје, 29. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Оваа недела ќе излезе огласот за вградување на плински уреди во автомобилите и апелираме до граѓаните доколку сакаат да аплицираат за оваа мерка тоа да го направат меѓу првите, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој појасни дека парите ќе се исплаќаат по принципот прв дојден прв услужен и затоа тој ги повика граѓаните доколку сакаат да добијат пари авремено да аплицираат како за оваа, така и за мерката печки на палети за која исто така има голем интерес.

-Ние нема да застанеме тука и наредната година ќе продолжиме со овие мерки, бидејќи има голем интерес од страна на граѓаните за истите, рече Бектеши.

Што се однесува до мерката за замена на стари со нови возила, министерот Бектеши рече дека има две опции, а во работната група покрај претставниците од министерствата за економија, финансии, Царинска управа и здруженијата на увозници на нови автомобили бидејќи сакаме најтранспаретно да донесеме мерка од која најмногу ќе профитираат граѓаните која нема да биде по принципот прв дојден прв услужен. (Крај)

извор: Вечер фото: архива