ВМРО-ДПМНЕ: Урбаната мафија поддржана од Георгиески никако да запре

Охрид, 29. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Додека министерот Оливер Спасовски и градоначалникот Константин Георгиески им замачкуваат очи на граѓаните, ситуацијата со дивоградбите не е помрдната од мртва точка, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Министерот за внатрешни работи Спасовски и Георгиески останаа вечно да бројат додека се утврди планот на динамика за уривање на дивоизградените објекти во Охрид. Дали Спасовски знае дека Георгиески како причина зошто не е започнато рушењето на дивоградби зборува дека токму од Спасовски нема поддршка?
Спасовски е главен виновник за нарушената безбедност. Урбаната мафија поддржана од Георгиески никако да запре, затоа што корумпираното и партизирано МВР на чело со Спасовски е тотално парализирано. Нема проекти, нема капитални инвестиции има само манипулации и повторно предизборни ветувања. Со власта на СДСМ државата не е на прав пат, а вистинскиот пат за СДСМ е одговорност за сите злодела и на темната страна на политиката, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ИнПрес