Полска воведува данок на сообраќаен метеж за големите продавници

Варшава, 30. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Полска планира да воведе нов данок за големите продавници за малопродажба, со кој нема да ги оданочува нивните приходи, туку непријатноста што овие продавници им ја предизвикуваат на градовите, изјави полската министерка за технологија и претприемништво Јадвига Емилевиц.

Данокот може да се наплатува поради зголемениот сообраќај кој го создаваат големите продавници и потребните инвестиции во патиштата, изјави Емилевиц.

Ако новата влада брзо се формира, овие закони би можеле да бидат претставени уште оваа година, а новиот данок би можел да стапи во сила на почетокот од 2020 година.

Данокот на сообраќаен метеж, секако, ќе биде прифатлив за Европската комисија, додаде Емилевиц.

Претходниот обид на Полска да оданочува продавници за малопродажба, со данок на приход со прогресивна даночна стапка, беше запрен веднаш по неговото воведување во 2016 година, откако Европската комисија изрази сомнеж за неговата усогласеност со регулативите на ЕУ.

Европскиот суд на правдата потврди дека данокот на доход е во согласност со регулативите на ЕУ по што Европската комисија ја обжали одлуката.

Оданочувањето на големите продавници за малопродажба, кои честопати се во странска сопственост, е едно од главните ветувања од кампањата на владејачката партија Право и правда (ПИС) уште од 2015 година. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива