Предвремените парламентарни избори ќе бидат распишани на 12-ти февруари

Скопје, 30. октомври 2019 (ИНПРЕС) – Предвремените парламентарни избори во земјава ќе бидат распишани на 12-ти февруари, информира денес претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Последен работен ден на пратениците од актуелниот состав ќе биде 11-ти февруари 2020 година.

Кон крајот на декември, до Собранието треба да стигне предлогот со имиња за привремената техничка влада, за да може претседателот Џафери на 3-ти јануари да ја закаже седница за избор на новата влада.

Техничката влада треба да биде избрана 100 дена пред одржување на предвремените парламентарни избори, кои се закажани за 12-ти април. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива