Од 5-ти ноември Саем на книгата во охридската библиотека

Охрид, 1. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Во рамките на своите активности и годинава НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе организира Саем на книгата во читалната на установата.

На продажба  ќе бидат дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“.

Саемот за сите посетители ќе биде отворен секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот,  а во првата недела почнувајќи од вторник 5-ти ноември организирано Саемот ќе го посетат учениците од  средните училишта во Охрид.

Со клик на линкот можете да прочитате кои книги се на продажаба од едицијата „130 тома македонска книжевност“.  Обратете внимание делата од оваа едиција  на саемот ќе се продаваат по цена од 157 денари по примерок.

http://bibliotekaohrid.mk/wp-content/uploads/Spisok1.pdf

Со клик на линкот можете да прочитате кои книги се на продажаба од „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“а на саемот посебно ќе бидат издвоени оние чија цена највиоко достигнува до 300 денари, примерок.

http://bibliotekaohrid.mk/wp-content/uploads/Spisok2.pdf

извор: ИнПрес фото: архива