Свечено отворен новиот Boutique hotel & bar Mozzafiato во Охрид

Охрид, 2. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Бројни гости, одлична атмосфера, одбрана музика и пријатен амбиент за сите.

Вака синоќа беше означен почетокот на работата на охридскиот Boutique hotel & bar Mozzafiato.

Објектот е лоциран на Кеј „Македонија“, во срцето на градот, а за гостите од земјата и светот се нудат осум луксузни апартмани, кои имаат своја приказна и се посветени на некои од најголемите имиња во филмската индустрија – Al Pacino, Monica Bellucci, Angelina Jolie, Johnny Depp, Robert De Niro, George Clooney, Marilyn Monroe и James Bond 007.

– Живееме во градот кој секој ден и на секој чекор, одново и одново не остава без здив. Неговата убавина е безвременска и неповторлива, а за нас беше мотив и стартна точка за да започнеме една приказна, која е поврзана токму со тоа – глетката околу нас која едноставно не остава без здив. Mozzafiato значи токму тоа, глетка која Ве остава без здив. Во овој краток период од 20-тина дена вградивме многу љубов, знаење и искуство од постарите и енергија која влече напред од помладите. Сакаме Mozzafiato да биде едно место каде ќе ве пречекаат со насмевка, каде ќе поминете пријатно и квалитетно време со пријателите и најблиските. Ќе имаме најубаво Portioli кафе со неповторлив – Mozzafiato поглед, највкусна храна подготвена со многу љубов и креација од нашиот Chef Влатко Ѓорѓиески и неговиот тим, која ќе Ви измами насмевка на лицето. Многу интересни викенди се пред нас. Ќе бидат исполнети со многу музика од најдобрите бендови, тука од Охрид, но и од целата држава. Ќе имаме и тематски вечери, смеа, забава, ќе организираме забави за најмладите и многу, многу друго, порачаа одговорните на отворањето.

За забавата синоќа беше задолжен најдобриот Tribute Band на Тоше Проевски, со Marko Logout и Александра Јанева како фронтмени, а за загревање на атмосферата се погрижија Dj Face и Dj Jane.

Денес во Boutique hotel & bar Mozzafiato е предвидена денска забава со Dj Jane од 12:00 до 17:00 часот, а вечерта е резервирана за забава со Pop Art Band по 21:30 часот. Сите заинтересирани можат да резервираат на телефонот: 078/304-877. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива