Шпаркасе банка го презеде мнозинскиот удел во Охридска банка, денес се менуваат рекламите на банката во Охрид

Охрид, 3. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Охридска банка минатата недела објави дека австриската банка Steiermarkische Bank und Sparkassen успешно ја затворила понудата за да се стекне со мнозинскиот удел во банката.

Во посебна изјава во петокот, финансискиот регулатор на Македонија соопшти дека 143 акционери, кои контролираат вкупно 91,5733% во Охридска банка, ја прифатиле понудата за купување на Steiermarkische Bank und Sparkassen по 6.298,79 денари по акција. Steiermarkische Bank und Sparkassen плати вкупно 2,98 милијарди денари (48,4 милиони евра) за 472.839 акции на Охридска банка, што претставува 91,5733% од акциите. Францускиот кредитор Сосиете Женерал се согласи во февруари да го продаде својот удел од 74,53% во Охридска Банка на Steiermarkische Bank und Sparkassen за 2,42 милијарди МКД, или 6.298,79 МКД по акција.

Денес се менуваат рекламите поставени на централната зграда на Охридска банка, еден од симболите на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес