Се запали возило во Охрид

Охрид, 5. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На 3-ти ноември 2019 година, во 15:05 часот, во Полициската станица Охрид, 49-годишниот Д.В. од Охрид пријавил дека при движење по булеварот „Туристичка“, настанал пожар во неговото патничко возило „Ровер“.

– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Во пожарот нема повредени лица, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива