Ќе се избира најдобра поетска творба посветена на Св.Климент Охридски

Охрид, 6. ноември 2019 (ИНПРЕС) – По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, општина Охрид распиша награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба.

Темата на Конкурсот треба да  се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.

По овој Конкурс ќе бидат доделени три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:

  • I  За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
  • II  За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
  • III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).

Наградата за прва категорија е 2.000, за втора 3.000 и за трета 4.000 денари.

Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот. Право на учество имаат сите редовни ученици  од основните и средните училишта на подрачјето на Охрид. Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30-ти ноември треба да се доставуваат на адреса: Општина Охрид, – ул. ”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).

Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат. Авторството се докажува со четвртиот примерок. Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива