Избран нов домаќин за финалето во Копа Либертадорес

Сантијаго, 6. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Поради нестабилната политичка ситуација финалето на Копа Либертадорес нема да се одигра во престолнината на Чиле, Сантијаго.

За титулата во ова натпреварување ќе се брат Ривер Плата и Фламенго. Прв пат во историјата на Копа Либертадорес еден натпревар на неутрален терен ќе го одреди шампионот.

КОНМЕБОЛ донесе очекувана одлука, го премести финалето од политички нестабилното подрачје. Наместо во Чиле, финалето ќе се игра во престолнината на Перу, Лима, на стадионот „Монументал“ чии капацитет изнесува 80.000 седишта.

КОНМЕБОЛ на сите оние што обезбедиле влезници за мечот во Сантијаго ќе им ги врати парите, а влезниците за дуелот во Лима ќе започне да ги продава во наредните 72 часа.

Финалето ќе се одигра на 23 ноември, а титулата ќе ја бранат фудбалерите на Ривер Плата. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива