Кина работи на 6-Г технологија

Пекинг, 7. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација – 6-Г.

Имено, кинеското Министерство за наука и технологија синоќа соопшти дека е основана и работната група што ќ́е работи на новата технологија.

– Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6Г технологијата, се наведува на интернет-страницата на Министерството.

Периодов, инаку, Кина ја воведе 5-Г технологијата што овозможува 100 пати побрз проток на податоци од постојните 4-Г мрежи.

Кинеската компанија Хуавеј, која се смета за водечка во светот во поглед на 5-Г, исто така, е вклучена во истражувањата околу 6-Г. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива