ЛШ: Драма во Загреб, Реал го понижи Галатасарај, нокаут фаза за ПСЖ (видео)

Милано, 7. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Во вечерашните мечеви од четвртото коло во фудбалската Лига на шампиони стрелците беа навистина расположени. На шесте меча кои започнаа во 21 часот беа постигнати вкупно 22 гола.

Најдраматично беше во Загреб каде хрватскиот првак Динамо (З) чиј капитен е нашиот репрезентативец, Аријан Адеми пропушти триумф за историско осминафинале во 97 минута.

Адеми беше стрелец на третиот гол за својот тим на асистенција на Олмо, тогаш за 3-1 во 89 минута. Сепак хрватскиот шампион прими гол од пенал во последните моменти за конечни 3-3.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива