Марихуана пронајдена кај лице од Тетово на патот Охрид-Св. Наум

Охрид, 7. ноември 2019 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.А. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 20-ти мај 2018 година, на магистралниот пат Охрид-Св. Наум, кај крстосницата за селото Отешево, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, при што кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана и мешавина од марихуана и тутун, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива