Џафери: Распуштен Парламент не може да се свикува

Скопје, 8. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Претседателот на Собранието  Талат Џафери отфрла можност за повторно свикување на Парламентот заради ратификацијата на Протоколот за НАТО, откако тој веќе ќе биде распуштен согласно со роковите за предвремените избори кои се закажани за 12-ти април.

– Кога ќе дава можност Уставот и  законот Собранието да функционира како техничко, секако ќе може да се спроведе. Уставот и законот не предвидува техничко Собрание. Со самораспуштањето пратениците и Собранието одлучуваат да го вратат мандатот кај граѓаните и да се излезе на избори и да се бара нов мандат. Од одлуката дека е распуштено, Собранието нема мандат. Ситуациите кога може да се собере Собранието во итни потеби ги пропишува Уставот и Уставот пропишува соодветни надлежности во такви ситуации на претседателот на државата, но точно се знае во кои услови и  предуслови. Значи, во случај на воена состојба, вонредна состојба, законодавецот и уставотворецот предвидел таква ситуација – вели Џафери.

Тој додаде дека не може како институција да се раководи од хипотезата што ќе се случи во Шпанија, една од трите земји каде се уште не е ратификуван Протоколот за нашето членство во НАТО, а каде на 10 ноември се закажани вонредни избори.

Според него, не може да се свикува распуштен Парламент  и ако се спроведе  спротивно на она што е пропишано, постои, како што рече, ризик тоа да падне пред Уставен суд ако некој покрене иницијатива.

Џафери рече дека има сознанија дека во Франција процедурата со ратификацијата треба да заврши во текот на овој месец.

Претседателот на Парламентот смета и дека измената на изборниот модел  е работа на политичка дебата и оти за тоа е потребен консензус и надминување на политичките разлики.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива