Сообраќајка во Охрид, повреден велосипедист

Охрид, 8. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На 7-ми ноември 2019 година, во 17:20 часот, на крстосницата од улиците „Мaкедонски просветители“ и „7-ми Ноември“ во Охрид се случи сообраќајна незгода во која е потешко повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишниот И.К. од Струга, и велосипед, управуван од 51-годишниот С.Т. од селото Пустец, Република Албанија. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива