ЛЕ: Јунајтед лесно со Партизан, Еспањол го наполни Лудогорец, Ренџерс го среди Порто

Манчестер, 8. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Еспањол до врв ја наполни мрежата на бугарски Лудогорец, откако синоќа во Каталонија славеа со 6-0. Гостинската екипа беше хендикепирана затоа што уште од 35 минута, останаа со двајца играчи помалку поради црвени картони.

Екипата на Манчестер Јунајтед веќе обезбеди пласман во нокаут фазата во ЛЕ откако на домашен терен славеше против белградски Партизан со 3-0. Стрелци на головите за домашните беа Гринвуд, Марсијал и Рашфорд.

Белгиски Гент е многу блиску до нокаут фаза откако славеше на гостински терен кај Волфсбург со 3-1.

Во Шкотска, екипата на Глазгов Ренџерс, пак, беше подобра од Порто со 2-0.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива