Две лица го нарушиле јавниот ред и мир во Струга

Струга, 8. неомври 2019 (ИНПРЕС) – На 7-ми ноември 2019 година, во 11:30 часот, во Полициската станица во Струга е пријавено дека на улицата „Славеј Планина“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир.

– Пријавено е карање, викање и непристојно однесување, извршено од страна на лицето М.Ж. кон 55-годишниот Б.Ј., двајцата од Струга. Против нарушителот, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива