Средба Вучиќ-Заев-Рама во Охрид

Охрид, 9. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Под засилени мерки на безбедност, премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, утре во Охрид ќе остварат средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, на која ќе продолжат разговорите за воспоставување „мал шенген“.

Неодамна, тројцата извршија телефонска координација, на која се разговараше за деталите на средбата, за која Вучиќ на социјалните мрежи истакна дека била „одличен конференциски разговор со Рама и Заев пред важниот самит во Охрид на 9-ти ноември“.

– Документот кој ќе го видите е заснован на слобода на проток на капитал, роба, услуги и луѓе затоа што мислам дека луѓето во нашите земји заслужуваат подобар живот и помало невработување, рече Вучиќ на последната средба, која на 10-ти октомври се одржа во Нови Сад.

И Рама и Заев истакнаа задоволство од овој договор, кој според најавите, би требало да стапи на сила во 2021 година. Премиерот Заев рече дека сите шест земји од Западен Балкан треба да се приклучат на иницијативата за поблиска економска интеграција на земјите од регионот. Напомена дека Македонија ја поддржува иницијативата, затоа што треба многу повеќе да се направи за економска конвергенција.

– Потребна е целосна соработка во спроведувањето на четирите основни слободи – слободата на движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот. Мислам дека дефинитивно ќе го создаде она што сите го очекуваме, а тоа е Балканот, кој ќе биде почитуван на глобално ниво, поконкурентен и попривлечен за странските инвеститори, рече Заев.

Заев: Следниот состанок со Вучиќ и Рама на 10-ти ноември во Охрид

Заев најави дека денешната средба е посветена на отстранување на безграничните бариери за бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе, услуги и капитал, и ги повика сите земји од регионот да се приклучат.

– Ние ја испраќаме пораката дека политичките односи во регионот стануваат поедноставни, дека Балканот не е повеќе буре барут, туку регион на стабилност на економскиот развој посветен на европската интеграција и подобрување на стандардите на нејзините граѓани, рече тој. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива