Заев: Започнува комплетна санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Охрид, 9. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Започнува комплетна санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, порача од Охрид македонскиот премиер Зоран Заев.

– Ќе се изврши санација на цевководот, ќе поправат или заменат сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга, истакна Заев.

No photo description available.

Image may contain: sky, house, tree, plant and outdoor

Image may contain: outdoor

Додаде дека Охридското Езеро како заштитено подрачје на УНЕСКО е наша гордост, мора да покажеме дека знаеме да се грижиме за нашите природни богатства. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива