Струга, 13. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени 13 казнени дела од кои, 11 „тешка кражба на дрзок начин“ и 3 казнеи дела „одземање моторни возила“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.М. од струшкото село Радолишта.
– Во периодот октомври-ноември 2019 година, од повеќе продавници и бензиски станици на подрачје на Струга, одземал пари, разновидна стока како и моторцикли паркирани во куќен двор, стекнувајќи се со противправна имотна корист, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива