Ѓоковиќ и Надал во завршна борба: Еве ги можните комбинации за првото место

Лондон, 14. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Победата на Рафаел Надал против Данил Медведев дополнително ја искомпликува битката за првата позиција на АТП листата.

Шпанецот одново го зголеми притисокот врз Новак Ѓоковиќ кој нема право на грешка на денешниот меч против Роџер Федерер. Доколку доживее пораз, ги губи сите шанси за да заврши на првото место на крајот од годината.

Можни комбинации во борбата за првата позиција:

-Ако Ѓоковиќ загуби од Федерер – дефинитивно е втор на крајот од годината
-Ако Ѓоковиќ испадне во полуфинале – ќе биде на второто место на крајот од годината
-Ако Ѓоковиќ загуби во финалето – ќе биде втор на АТП листата на крајот од годината
-Ако Ѓоковиќ го освои турнирот, а Надал губи во финалето – ќе биде втор на крајот од годината
-Ако Ѓоковиќ победи во финалето, а Надал е елиминиран во групната фаза – сигурно е прв на крајот од годината
-Ако Ѓоковиќ го освои трофејот, а Надал загуби во полуфиналето – Србинот ќе биде прв на АТП листата

Моментално, Надал има предност од 640 бода, но ќе мора да го победи Стефанос Циципас за да ја продолжи борбата со српскиот тенисер. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива