НБА: Харден ги реши Клиперс, Бостон ја продолжија серијата, ГСВ немоќни во ЛА (Видео)

Бостон, 14. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Седум натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Џејмс Харден блескаше против ЛА Клиперс, Бостон ја продолжија победничката низа, ЛА Лејкерс лесно се справија со Голден стејт Ворирос.

Хјустон во својот „Тојота центар“ славеа над Лос Анџелес Клиперс 102:93. Речиси половина од поените на Хјустон ги постигна Џејмс Харден. „Брадата“ забележа 47 поени (12/26 за три), шест скока, седум асистенции.

На спротивната страна се истакна Каваи Ленард со 26 поени, 12 скока и седум асистенции. Клиперс последните неколку минути беа без тренерот Док Риверс кој беше исклучен од натпреварот.

Бостон Селтикс ја запишаа деветтата победа во низа. Пред Селтикс паднаа Вашингтон Визардс 140:133.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива