Поплочување на дел од улицата „Бистрица“

Охрид, 14. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Јавното претпријатие „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици континуирано работи на подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живеење во градот.

Се работи на поплочување со бехатон плочи на крак од улицата „Бистрица“ во должина од 100 метри. Поплочена е површина од 300 м² и извршено е нивелирање на канализационните шахти. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид