НБА: Харден повторно брилијантен, Богдановиќ не успеа да ги запре Леброн и „езерџиите

Хјустон, 16. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Хјустон синоќа пред својата публика ја совлада Индијана со 111-102 на крилата на својот најдобар играч Џејмс Хареден кој шестипат во 12 меча од почетокот на сезоната постигнува најмалку по 40 поени.

Синоќа застана на бројката 44. Харден на првите 12 сезонски меча има постигнато 464 поени и 95 асистенции.

Сакраменто го доживе седмиот пораз откако синоќа загубија од Лос Анџелес Лејкерс со 99-97.

Богдан Богдановиќ постигна 18 поени кај Кингси, постигнувајќи ги последните 7 поени за својот тим. Сепак тоа беше недоволно против Леброн Џејмс кој на 5 секунди до крајот на мечот ги погоди двете слободни фрлања за победа.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ