„Гладијаторите“ на гости кај Работнички

Охрид, 17. ноември 2019 (ИНПРЕС) – По победата над Тинекс Пролет пред своја публика, охридските ракометари се пред нов предизвик.

Во рамки на 11-то суперлигашко коло „гладијаторите“ денес гостуваат во Скопје кај Работнички. Натпреварот е со почеток во 13:00 часот во салата „Кале“. Ракометарите подготвени за следниот натпревар и по серијата победи и во Скопје одат на освојување на нови три бода.

РК Охрид со 25 бодови е на второто место на табелата, со само бод помлку од лидерот Металург. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива