Ангеловски пред Австрија: Вечерва сите фудбалери ќе го дадат максимумот

Скопје, 16. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски на пресот пред денешниот натпревар против Австрија во квалификациите за ЕУРО 2020 изјави дека тимот има кадровски проблеми и дека шанса ќе добијат некои од дебитантите.

Тој додаде и дека сигурен е дека вечерва сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат.

– Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека денеска сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации. Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Натпреварот Австрија-Македонија се игра вечерва на стадионот ”Ернст Хапел” во Виена со почеток од 20.45 часот. (Крај)

извор: Плусинфо/ИнПрес фото: ФФМ