Уште еден Mozzafiato викенд пред нас: After Work забава, Stand Up со Сашо Тасевски, Pop Art Band, Happy BURGER Day…

Охрид, 22. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Со пријатен амбиент, супер богата програма, прифатливи цени, одлично кафе и храна и бројни промо акции, охридскиот Boutique hotel & bar Mozzafiato веќе стана место каде охриѓани и гостите уживаат секојдневно со погледот кон Охрид, кој едноставно, го одзема здивот.

И за овој викенд нудат богата програма, која во комбинација со прифатливите цени и понуди, повторно ќе направи охриѓани да ја одберат оваа локација за прекрасно поминато време.

– Викендот го започнуваме со After Work забавата која во петок стартува во 16:30 часот. За најдобра забава со колегите ќе се погрижи охридската група The Bulbs, по што од 21:30 часот ќе Ви понудиме многу насмевки и позитивно расположение со првиот настан од Mozzafiato Stand-Up серијата со популарниот актер Сашо Тасевски. Веќе утре имаме денска DJ забава со DJ Jane од 13:00 до 17:00 часот, а вечерниот термин е резервиран за одличните Pop Art Band. Во недела го имаме последното издание од овој циклус на Happy BURGER Day со нашиот Master Chef Влатко Георгиески, кој повторно ќе Ви ги подготви највкусните бургери по промотивна цена од само 100 денари за бургер плус Скопско пиво или Coca Cola. Веќе од идната недела имаме повторно вкусно и најприфатливо промо издание, но за тоа повеќе од следната недела. Ве очекуваме, порачуваат од Mozzafiato.




Сите заинтересирани можат да резервираат навреме на телефонот 076 211 123. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива