Моторциклист повреден во сообраќајка во Охрид

Охрид, 22. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На 21-ви ноември во 16:25 часот на улица „Андреа Јованоски“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Лада“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 55-годишниот З.З. од Струга и мопед марка „Баотиан“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Б.П. од Охрид. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека на лице место бил извршен увид од увидна екипа од Секторот. (Крај)

извор: МВР фото: архива