Охриѓанец повреден откако со возилото излетал од патот

Струга, 22. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На 21-ви ноември во 22:55 часот на кружниот тек на влез во Струга, патничко моторно возило „Мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 44-годишниот К.А. од Охрид, излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица од Струга. (Крај)

извор: МВР фото: архива