ГФК Охрид Лихнидос гостува кај битолски Пелистер

Охрид, 22. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Охридските фудбалери утре ги продолжуваат натпреварите во Втората лига Запад.

Му гостуваат на второпласираниот на табелата, тимот на Пелистер. По 12 одиграни кола Охрид Лихнидос е на последната позиција на табелата со 8 бодови и дури 8 порази зад себе.

Натпреварот на стадионот „Под Тумбе кафе“ е од 13:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива