Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон на АМА наградите, Били Ајлиш најдобар нов изведувач

Лос Анџелес, 25. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт го урна рекордот на Мајкл Џексон во освоени награди на Американските музички награди (АМА) доделeни вчера во Мајкрософт театарот во  Лос Анџелес, Калифорнија, САД.

На свеченоста, таа освои шест награди – меѓу кои и за најдобар поп / рок албум, за „Lover“ и за изведувач на годината. Со тоа таа има вкупно 29 статуетки, пет повеќе од некогашниот „крал на попот“.

– Овој албум навистина го доживеав како нов почеток. Си го сакам и новиот рекорд – и на национално и на државно ниво, истакна таа примајќи ја првата награда. 3а втората, Свифт им заблагодари, пред сè, на продуцентите на шоуто, но не и на нејзините, со кои се разиде и имаше доста бурна разделба.

Имено, познато е дека нејзините доскорешни соработници Скутер Браун и Скот Борчета сè уште ги поседуваат правата за претходните песни на Свифт и судски не ѝ дозволија да ги пее, иако немаат удел во создавањето на композициите.

Свифт ги освои и наградите за женски поп-рок изведувач, омилен изведувач и видеоспот на годината, за „You Need to Calm Down”. Таа беше прогласена и за изведувач на десетлетието. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива