Од полноќ нова корекција на цените на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 25. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ нова корекција во цената на бензините и дизелот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините поскапуваат за половина денар, па Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се точат за 68,50 односно 70,50 денари за литар.

Цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за еден денар, па од полноќ ќе се продава за 61 денар. За денар поефтинува и екстра лесното масло за домаќинство.

Овие цени цени ќе важат до идниот понеделник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива