Се реконструира кровот на охридската гимназија

Охрид, 26. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Во тек се градежните активности за санација на кровот од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Со зафатот кој е по налог на општина Охрид предвидена е реконструкција на оловните табли од куполите, санација на олуците,китирање на спојните елементи, оловните табли, окапници и ветробрани. Оловните плочи ќе бидат прицврстувани со нови завртки. Во рамки на планираното ќе се изврши и молерисување и варосување на ѕидовите од поткровјето кои имаа видни оштетување од протекување на вода.

Вредноста на проектот е околу 400.000 денари и со неговата реализација се надминува неколку годишниот проблем на протекување вода во просториите на гимназијата.

Изведувач на градежните активности е фирмата „Филанд 2012“ од Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид