Изборите ќе нѐ чинат најмалку 6,8 милиони евра

Скопје, 26. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Десеттите парламентарни избори ќе ја чинат државата најмалку 6,8 милиони евра.

Во буџетот за следната година, за кој моментно се води расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет, се предвидени над 419 милиони денари за спроврдување на изборите за пратеници, додека целиот буџет на Државната изборна комисија тежи близу 495 милиони денари или нешто повеќе од 8 милиони евра.

Од ДИК велат дека сумата од околу 6,8 милиони евра е очекувана и реална, со оглед на трошоците за спроведување на изборните активности. Но во таа сума не се вклучени трошоците за покривање на изборната кампања на партиите, односно за медиумското рекламирање. За таа цел, како што објаснуваат од ДИК, од државната каса се исплаќаат дополнителни средства, во зависност од тоа колку политички субјекти ќе учествуваат во изборната трка.

Независно што изборите, кои се договорени за 12 април, се вонредни, во буџетот за 2020 година, во секој случај, ќе требаше да се одделат средства за избори, со оглед на тоа што од октомври в година ќе почнеа да течат редовните термини за одржување на десеттите парламентарни избори.

Последните избори за пратеници во земјава се одржаа на 11 декември 2011 година и тие беа четврти по ред предвремени во историјата на независноста на земјата. За разлика од сега, за тие избори во буџетот беа предвидени околу 7,5 милиони евра, со тоа што медиумското покривање на кампањата беше на товар на партиите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива