30 години Jazz Inn

Охрид, 26. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Едно од култните охридски места за излегување на многу генерации, клубот Jazz Inn во петок ќе го прослави 30-тиот роденден.

– 30 години возење со добро Џез музиче, 30 години непроменет и уникатен стил, 30 години демократија во ноќниот живот, 30 години и милиони сервирани пијачки на шанкон, 30 години луди забави, 30 години разни генерации и прекрасни гости, 30 години љубов и џез, 3- години Jazz Inn. Почитувани баби и дедовци, родители, младина и сите генерации кои сте биле еден дел од приказната на „Jazz Inn“, срдечно Ве покануваме да присуствувате на јубилејната прослава „30 Години Jazz Inn“, порачуваат од клубот.

Најавуваат екстра програма со концерт, комедија и многу други изненадувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива