Тлото не мирува, земјотрес од 6,1 степени во Крит

Охрид, 27. ноември 2019 (ИНПРЕС) – По силниот земјотрес кој неодамна ја погоди Албанија и предизвика човечки жртви и огромна материјална штета, утрово нов силен земјотрес, овој пат во близина на Крит.

Земјотресот се случи нешто по 08:23 часот на длабочина од 65 километри со јачина од 6,1 степени по Рихтер.

Земјотресот со послаб интензитет беше почувствуван и пограничните региони кон соседна грција и во Албанија.

Неодамна Албанија беше погодена од исклучително силен земјотрес, кој предизвика бројни човечки жртви и причини голема материјална штета. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива