На Антички поставена спомен-плоча за Горан Стефановски

Охрид, 27. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На Античкиот театар во Охрид поставена е спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски.

Иницијатор за поставувањето е Лајонс-клубот „Лихнидос“, а е изработена по повод годишнината од смртта на Стефановски кој почина на денешен датум минатата година.

Фотографија на Zoran Profa Tuntev.

Од клубот соопштија дека за откривањето била планирана и соодветна свечена церемонија, но тоа е откажано во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во соседна Албанија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ЛК „Лихнидос“